Државата ќе ги исплати лозарите

Висината на дополнителната помош се утврдува според сортата на продаденото грозје, а којашто не е повисока од просечната цена за откуп на килограм винско грозје, во периодот од 2014 година до 2016 година.

82

Државата ќе им го плати на лозарите продаденото, а неплатено грозје од страна на винарниците. Вака одлучи Владата на својата вчерашна седница.

Таканаречената дополнителна помош ќе им се исплаќа на лозарите коишто го продале своето грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година, а коешто досега не им е платено од страна на откупувачите.

Висината на дополнителната помош се утврдува според сортата на продаденото грозје, а којашто не е повисока од просечната цена за откуп на килограм винско грозје, во периодот од 2014 година до 2016 година.

Како што соопшти владината прес-служба, одлуката е донесена по анализата која ја направиле Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Државниот инспекторат за земјоделство со која е утврдено дека голем дел од производителите на винско грозје го немаат наплатено продадено грозје во текот на 2014, 2015 и 2016 година.

Владата со ова ќе ги помогне производителите на винско грозје пред претстојната сезона.

Во насока на реализација на оваа дополнителната помош, Владата вчера ја прифати и Предлог – програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019-та година. Во неа, се врши изменување на вкупниот износ на средства во програмата предвидени за растително производство и се додава нова мерка како Дополнителна помош за продадено-неплатено винско грозје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...