Додека српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ја започна највената кампања под назив „Иднината на Србија“ во општините во јужна Србија, преставниците на српската опозиција работат на меѓународна кампања, јави дописникот на МИА од Белград.
Така, двајца од основачите на опозицискиот блок Сојуз за Србија (СзС), Драган Ѓилас и Вук Јеремиќ, денеска во Брисел имаа средби со претставници на Европската комисија, со кои разговараа за политичките случување во Србија и за барањата упатени од протестираат, што секоја сабота се одржуваат низ целата земја.
Во разговорите со официјалните претставници на ЕУ, Ѓилас изјавил дека „опозицијата постигнала договор да не учествува во работата на институциите во кои е суспендирана демократијата“ и додал дека „нормалноста може да се воспостави само преку одржување на целосно фер и слободни избори на сите нивоа“.
Според соопштението до медиумите на СзС, Ѓилас и Јеремиќ му порачале на претседателот на делегацијата на Европскиот парламент за Србија, Едуард Кукан дека легитимни избори нема да има се додека не се воспостават услови, како и во другите европски земји.
– Србија веќе не е слободна земја, а режимот на Александар Вучиќ со отвореното кршење на Уставот и законите, како и со невидената злоупотреба на државните институции, го загуби демократскиот легитимитет – оценил Јеремиќ, кој е претседателот на Народната партија (НС).
Ѓилас и Јеремиќ ги повикале европските претставници на воспоставување на „структуриран дијалог со претставниците на граѓанските протести“, со цел да се добие целосен увид во политичките и социјалните настани во Србија.
Европскиот парламент потврди дека разговорите со српската опозиција ќе продолжат за време на посетата на Белград на претседателот на Комисијата за надворешни работи на ЕП, Дејвид Мекалистер кон крајот на месецот.