Албанскиот дипломат, Арбен Чејку, поранешен амбасадор во Македонија и во Косово, изјави дека за 20-30 години Санџак ќе побара обединување со Косово.
Според него, Србија се обидува да воспостави граница на реката Ибар во Митровица за да го затвори коридорот со областа Санџак „населена со Албанци“.
– Напорите на Србија за поставување граница кај реката Ибар се всушност обиди за оддалечување на проблемот Санџак што е можно повеќе. Ова е голема загриженост за оние кои се занимаваат со внатрешните работи на Србија,не само во однос на Косово, туку и на Санџак и Војводина. Доколку Србија остави слободен коридор во овој дел, во период од 20-30 години, врската ќе биде таква што ќе ги охрабри во тој правец. Во Санџак се муслимани. По ослободувањето на Косово, постои промена во пристапот на Албанците – изјави Чејку за тиранската телевизија Ора њуз.
Тој ја коментраше и посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Србија, оценувајќи ја како „притисок врз Белград да не го прифаќа финалниот договор со Косово“.
– Денес сме во услови кога Косово, но и Србија, исто така, се ставени на маса со рамениците до ѕид за да се најде решение. Србија мора веќе да избира помеѓу членството во ЕУ или да остане на раскрсница како што Русија сакаше да остане Македонија. Посетата на Путин на Србија беше притисок за Србија да не презема чекори кон конечниот договор со Косово – рече Чејку.
ФОТО: Викимедија