Дали и вашето дете има Пепа ефект?

Многу мајки се загрижени затоа што нивните деца сѐ почесто зборуваат и се однесуваат како популарниот анимиран лик - Прасенцето Пепа. На интернет страницата Romper е објавен текст во кој една мајка открива дека нејзиното дете почнало да користи британски акцент и да грофта. Станува збор за таканаречениот „Пепа ефект“.

486

Во популарниот детски анимиран филм Прасето Пепа, главна улога има прасето Пепа и многу деца се поистоветуваат со него и се обидуваат да го имитираат.

Мојата тригодишна внука има британски акцент по гледањето на Прасенцето Пепа и љубоморна сум“, открива една корисничка на Твитер.

За овој чуден феномен проговорила и уште една мајка. „Бев возбудена кога мојата ќерка почна да го гледа „Прасето Пепа“ затоа што мислев дека ќе го совлада неодоливиот британски акцент, но сѐ што научи беше да грофта како прасе“.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...