Поранешниот албански гувернер именуван за советник на Централната Банка на Црна Гора

189

Поранешниот гувернер на Централна банка на Албанија, Ардиан Фулани, е дел од Централната банка на Црна Гора, како еден од 11-те членови на Советодавниот одбор.

Албанските медуми пренесувајќи ја веста наведоа дека овој потег довел до реакции во црногорскиот печат, земајќи ги предвид наводите дека  Фулани беше под обвинение за гражбата на 713 милиони леки леки (околу 6,63 милиони американски долари) од албанската банка.

– Гувернерот на црногорската Централна банка, Радоје Жугиќ, одлучи како член на Советодавниот одбор на Банката, да го именува поранешниот гувернер на Банката на Албанија, Ардиан Фулани, кој беше отпуштен и уапсен во неговата држава, бидејќи исчезнаа 713 милони леки од трезорите на Банката на Албанија – објави црногорскиот весник „Вјести“.

На прашањето на весникот дали наименувањето на Фулани за член на одборот на Банката ќе има влијание врз довербата врз црногорската банка, гувернерот Жугиќ одби да го коментира случајот.

Гувернерот Фулани беше меѓу 17 вработени во банката, кои во 2014 годна беа уапсени под сомнение за поврзаност со кражбата на вкупно 713 милиони леки од Централна банка на Албанија.

Правосудните органи бараа затворска казна од пет години за Фулан, но по неколку судски сеанси тој беше прогласен за невин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...