Објавен трејлерот за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

240

Продукцијата „Сестри и брат Митевски“ го објави и официјалниот трејлер на македонскиот претставник за Златна мечка на 60-тото издание на Берлинале.

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска има закажано 8 проекции, а билетите се веќе распродадени.

Овој филм се снимал шест недели во Штип во текот на јануари и февруари 2018 година. Монтажата се одвивала во Белгија, а звукот, лабараторијата и музиката во Белгија, Франција и Словенија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...