Мојата сестра е мажена, не живее со мене и секако таа има право да најде работа, изјави министерот за економија Крешник Бектеши во врска со вработувањето на неовата сестра во МЕПСО.
– Мојата сестра е доктор по правни науки, има завршено во Италија и секој граѓанин има право да конкурира…. дали јас сум влијаел…ви кажав дека немам како да влијаам и не би влијаел за никакво вработување, а туку се вклучува и мојата сестра, но тоа не значи дека мојата сетсра или моите роднини немаат право да конкурираат по јавни огласи само зашто се мои роднини…и моментално мојата сестра не живее со мене, таа има свој живот, таа е мажена и секако и таа би сакала да најде работно место.. – изјави Бектеши.
Бектеши тврди дека тој како министер за економија немал никакво влијание врз МЕПСО, зашто со новиот Закон за енергетика оваа компанија е под Министерството за транспорет и врски.