Полска почнува со исплата на пензии на мајките кои имаат четири и повеќе деца, а такви има 86.000.
Таканаречените пензии за мајки годинава ќе ја чинат Полска околу 800 милиони злоти, односно 212 милиони долари, изјави премиерот Матеуш Моравјецки и министерката за труд, Елизабјета Рафалска.
Од март мајките кои исполнуваат услови за пензија, а немаат доволно стаж ќе добиваат по 291 долар. Татковците на четири или повеќе деца исто така може да се пријават, но само ако мајката починала или го напуштила семејството.
Владата и со други мерки се обидува да го зголеми наталитетот во Полска, кој треба минимално да изнесува во просек 2,1 деца по жена , а во 2018 изнесувал 1,4 деца.