Градежниците во очекување на најавениот градежен бум

Се надевеме дека оваа година ќе биде една од оние години кога градежништвото беше главен креатор на БДП, рече Серафимовски.

170
20150612 Friday 1221 Skopje nov ploshtad nov plochnik rabotnici ploshtad TRANSMED transmed

Претседателот на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија Андреја Серафимовски очекува годинава да се реализира најавениот градежен бум и да се вратат стапките на раст во градежништвото каков што имаше во 2014 – 2015 година.

– Се надевеме дека оваа година ќе биде една од оние години кога градежништвото беше главен креатор на БДП. Активно учествуваме во сите подготовки на законските прописи и во решавањето на сите проблеми кои не задесија минатите години. Според нашите информации најголемите проблеми се разрешени. Голем број на јавни набавки се распишаа и со нетрпение го чекаме почетокот на март да започне градежната сезона со цел да можеме да ги покажеме своите квалитети и капацитети – изјави Серафимовски пред почетокот на Работилницата за промоција на БИМ алатката за информациско моделирање на градби.

Посочи дека предвремените избори секогаш негативно се одразуваат на сите сектори, па така и на градежниот сектор.

– Се надеваме дека нема да има предвремени избори брзо, се со цел да можеме да фатиме некој чекор зашто знаеме како ја поминавме минатата година – потенцира Серафимовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...