Гуаидо во декември се сретнал со функционери на администрацијата на Трамп

66
ФОТО: EPA / Miguel Gutiérrez

Самопрогласениот венецуелски претседател Хуан Гуаидо во декември во Вашингтон се состанал со функционери на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Тоа бил негов прв познат контакт со Белата куќа, известуваат шпански медиуми, повикувајќи се на неименувани извори.

Месец дена подоцна Гуаидо, претседател на Народното собрание на Венцуела, се прогласи за привремен претседател на државата, најавувајќи распишување на претседателски избори.

– Претставници на (американската) администрација разговараа со Гуаидо во неколку наврати, исто така, и во текот на неговата посета на Вашингтон во декември – изјави неименуван функционер од Белата куќа.

ФОТО: EPA / Miguel Gutiérrez

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...