Принцот Вилијам и војвотката Кејт имаат дадилка од Шпанија која практично се откажала од својот приватен живот за да може да се посвети на нивните деца.
Четириесет и седум годишната Марија Борало била избрана лично од родителите и е прва дадилка која доаѓа од странство во британскиот дворец. Принцот Џорџ и принцезата Шарлот се многу приврзани за неа и ја обожаваат.
Таа живее заедно со семејството во палатата во Кенсингтон, а благодарение на неа малите членови на кралското семејство веќе ги учат своите први зборови на шпански јазик. Но, кога е во прашање англискиот, дадилката не смее да изговори еден точно одреден збор.
Нејзе ѝ е забрането да им се обраќа со „деца“ (на англиски „kids“), туку задолжително мора да ги повика со нивните целосни имиња. Ова е традиција со сите дадилки кои досега ги чувале кралските деца и од ваквото правило нема отстапувања.