Харадинај: ЕУ очигледно го изгубила патот во сопствениот двор и се залага за поделба на Косово

311
ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, коментирајќи ја реакцијата на Брисел по усвојувањето на Статутот на рудникот Трепча, оцени дека „Европската унија очигледно го изгубила патот во сопствениот двор“ и јасно се залага за поделба на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, по повод усвојувањето на Статутот на Трепча од страна на Собранието на Косово, изјави за српските медиуми дека прашањето на рудникот, „како и сите други отворени прашања меѓу двете држави, треба да се реши единствено преку финализација на дијалогот“.

Ваквиот став, според косовскиот премиер, е „без преседан, неприфатлив и како таков го нарушува суверенитетот на косовската држава“.

– Трепча не е отворено прашање меѓу Косово и Србија и во ниеден момент народот на Косово и неговите институции нема да дозволат создавање на вештачки теми кои јасно имаат за цел поделба на Косово – порача Харадинај преку својата официјална страница на Фејсбук.

ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...