Папата одржа миса во Абу Даби пред 180.000 луѓе

131
ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI

Околу 180.000 луѓе присуствуваа денеска на мисата во Абу Даби, која ја предводеше папата Франциско, прв римокатолички поглавар, кој го посети Арапскиот Полуостров.

Портпаролот на Ватикан, Алесандро Гисоти рече дека бојот на присутни на мисата е заснован врз проценка на локалните организатори.

Тој истакна дека се поделени 135.000 карти за седење на градскиот стадион Зајед, но оти мисата ја следеле и повеќе илјади луѓе околу стадионот.

Папата на службата говореше на италијански и на англиски јазик. Тој упати молитва за мигрантите и за завршување на конфликтите.

Дводневната посета на Абу Даби папата ја искористи да ги осуди војните низ светот и ги повика христијаните и муслиманите на поголема соработка.

На аеродромот во Абу Даби папата го испрати престолонаследникот шеик Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан заедно со официјални лица.

ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...