Армијата во Буркина Фасо убила 146 џихадисти

66

Вооружените сили на Буркина Фасо убиле 146 џихадисти во три акции во северозападниот дел на земјата на границата со Мали.

Генералот Моисе Минонгу изјави дека вооружени мажи влегле во селото Каин и убиле 14 жени и мажи.

Војската одговорила со напад врз Каин, кој е на 80 километри од главниот град Уагадугу. Борби имало и во северниот регион каде војската имала поддршка од воздух.

Во комбинирана операција убиени се 146 џихадисти кои се обиделе да избегаат во Мали.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...