На Филипините за 24 часа убиени 13 дилери на дрога, 100 уапсени

214
ФОТО: EPA/ROLEX DELA PENA

Филипинската полиција уби 13 осомничени шверцери на дрога и приведе повеќе од 100 во рации во изминатите 24 часа во провинција северно од главниот град.

Рациите биле спроведени во осум филипински градови во провинцијата Булакан, северно од Манила.

Во изминатите 24 часа, во таа покраина биле извршени 70 рации.

Повеќе од 4.000 Филипинци се убиени од полиција и илјадници од неидентификувани вооружени луѓе во 20 месеци „војна против дилери на дрога“ објавена од претседателот Родриго Дутерте.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...