На улица Илинденска во близина на трговскиот центар „Сити мол“ во Карпош 4 од доцна попладнето во големи млазови се излева вода. По булеварот стопиран е сообраќајот во правец од Карпош 4 кон Центар.
„Ве известуваме дека на булевар Илинден во близина на „ПроКредит Банка“ и „Сити мол“ има голем дефект, пукната е водоводна цевка F400. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ веќе се на терен и започнаа со санирање на дефектот“, соопшти Град Скопје.
Од Град Скопје информираат дека прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици: Љубљанска, Манапо, Струма, Огражден, Драгиша Мишковиќ, Роберт Кох, Трифун Пановски, Радика, Карпошово Востание, Никола Русински и Бледски Договор.
Со намален притисок ќе биде дел од булевар Партизански одреди на потег од раскрсницата со Љубљанска до раскрсницата со Манапо од 20.15часот до завршување на дефектот.
Поради дефектот дел од булевар Илинден од улицата Љубљанска во правец на Центар до улица Манапо ке биде затворен за собраќај.