Британската полиција приведе 33 лица поради злоставување девојчиња

77

Британската полиција приведе 33 мажи под обвинение за сексуална злоупотреба на седум девојчиња во северниот дел на Англија, во периодот од 2002 до 2009 година.

Приведувањата се во рамки на истрагата покрената откако седум жени од Западен Јоркшир, Дазбери и Бетли обвинија дека биле злоставувани додека биле девојчиња.

Полицијата информира дека сите приведени мажи биле сослушани, по што биле пуштени на слобода под полициска присмотра.

– Заштитата и безбедноста на децата се наш приоритет. Оваа операција е дел од акцијата на полицијата од Западен Јоркшир во која се испитуваат сегашни и поранешни престапи поврзани со деца – изјави полициската инспекторка Лаура Нилд.

Кон средината на јануари британската полиција во рамки на истата истрага приведе 55 мажи, кои беа сослушани и потоа ослободени.

– Сексуалното злоставување и експлоатација на децата е одвратно злосторство, што влијае врз некои од најранливите членови на нашето општество – изјави тогаш полицискиот инспектор Јан Торнс, кој раководи со истрагата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...