Славната кинеска видео блогерка за храна подготви закуска за Кинеската нова година

Сѐ што Ли Зикаи подготвува во ова фантастично видео е наменето за неколку нејзини среќни следбеници на „Weibo“ кои ќе ги добијат како подарок од неа

132

Стотици илјади луѓе се обидуваат да отпатуваат од главниот град на Кина, Пекинг. Годината на свињата почнува утре (4 февруари) и милиони луѓе ќе ја дочекаат во кругот на своите семејства.

За многу Кинези кои работат во големите градови, овој национален празник познат и како „Пролетен фестивал“, е ретка можност да се упатат на долг пат и да им се вратат на своите семејства во руралните и оддалечени области на Кина. Од 4 февруари сите Кинези во Кина, но и ширум светот, ќе бидат на седумдневен одмор.

Во чест на Кинеската нова година, славната видео блогерка за храна на најпознатата кинеска интернетска страница Weibo, Ли Зикаи, која има 1 милион и 831.709 следбеници, подготви закуска која ќе им ја подари на своите најверни следбеници.

Видеото можете да го видите на порталот „Арт кујна“.

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...