По кражбата во Пашалиман се бара разрешување на командантот на Поморските сили

233

Албанската министерка за одбрана Олта Џачка достави предлог до претседателот на државата за разрешување на командантот на Поморските сили, генерал мајор Илбер Доѓани.

Ова е наложено по завршувањето на административната истрага во депото за муниција во поморската воена база Пашалиман, кај Валона, во која на почетокот на јануари беше украдено оружје, муниција и гранати.

Од истрагата спроведена од Генералштабот на вооружените сили е потврдена одговорност на целата линија во командата на поморските сили и базата Пашалиман.

– Врз основа на истрагата, одговорност за безбедносните мерки во поморската база е утврдена кај командантот на поморските сили, командантот на базата и на целата командна линија. Министерот за одбрана, на предлог на началникот на Генералштабот, разреши 15 одговорни командни воени лица и лица одговорни за безбедносните и заштитни мерки во морнарицата и базата Пашалиман – пренесе агенцијата Балкан веб.

Скандалот со кражбата на оружје во воена поморска база Пашалиман, кај Валона, се случи ноќта меѓу 10 и 11 јануари, кога од базата се украдени митролези, автоматски пушки „калашников“, гранати и муниција.

Војникот кој бил задолжен за обезбедување на магацинот, во моментот на кражбата не бил присутен а кога се вратил забележал дека сандуците од каде се однесени оружјето, муницијата и гранатите се насилно отворени. За разлика од другите делови на базата, во овој магацин немало безбедносни камери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...