Нов европски проект преку кој ќе се дигитализира градежниот сектор

Поголемиот дел од државите кои го имаат имплементирано „БИМцерт“ Велика Британија, Италија, Португалија го вовеле како законска обврска при градењето и енергетска ефикасност.

390
20130527 Monday 1052 Skopje vmro hotel bristol gradenje SK14

Македонија преку проектот „БИМцерт“ ќе работи на обука за дигитализација на градењето и енергетската ефикасност на објектите. Проектот истовремено ќе се реализира и во Велика Британија, Северна Ирска, Португалија и Хрватска и е вреден 1,25 милиони евра, пари кои се реализираат преку програмата на ЕУ Хоризонт 2020.

Како што беше речено на денешната отворена сесија на состанокот на конзорциумот на проектот „БИМцерт“, македонскиот градежен сектор покажал висока заинтересираност за вклучување во проектот и негова имплементација, оти одговара на потреби и ќе ја зголеми конкурентноста.

Лидерот на проектот за земјава Дијана Ликар од Научниот институт за истражувања во градежништвото, животната средина и енергетиката (ИЕГЕ-Скопје) рече дека софтверот БИМ, содржи се што е потребно да се изгради зграда од преоктирање преку избор на материјали, изградба на објектот негово времетраење, следење и енергетска ефикасност.

-БИМ претставува современа дигитална технологија за креирање и користење на информациски модел на зградата што подразбира дигитален план за се она што е вградено во зградата како јакосните, техничките, термодинамичките, еколошките, енергетските и другите перформанси. За разлика од класичните методи што сега се користат, БИМ нуди и информација за производот што може да се процесира, а со тоа се скратува времето на обработка, ја исклучува можноста од грешки и го намалува времето на градење, а со тоа заштедува трошоци и овозможува оптимална енергетска перформанса на зградите -рече Ликар.

Таа информира дека поголемиот дел од државите кои го имаат имплементирано „БИМцерт“ Велика Британија, Италија, Португалија го вовеле како законска обврска при градењето и енергетска ефикасност.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој присуствуваше на состанокот рече дека преку проектот ќе има поволно влијание на градењето и енергетската ефикансност на градежните објекти.

-Ќе се воспостави дигитализација во градежниот сектор, ќе се овозможи енергетско ефикасни објекти и ќе се обезбеди еколошки аспект на градењето. При тоа се намалат трошоците за проектирање и градење и ќе се подобри конкурентноста на градежните компании- рече Анѓушев.

Тој информира дека во петте земји преку проектот ќе бидат вклучени 250 компании, се очекува интерес да пројават 2.000 професионалци, а 1.000 од нив да ги надрградат своите вештини кои ќе бидат подобро пазарно препознени.

Проектот почна да се во март 2018 година и е планирано да заврши до октомври 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...