Анѓушев: Владата ќе ги обесштети лозарите, не го покрива долгот на винариите

Не постои друг начин освен државата да им помогне преку Програмата за субвенционирање на земјоделските производи зашто ако не го направи тоа лозарите од Тиквешкиот регион, кои останале оштетени од овие постапки, не ќе можат да ги продолжат своите активности, односно не ќе можат наново да засадат површини или да ги одржуваат веќе засадените, рече Анѓушев.

291

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев демантира дека Владата има намера да покрива долгови на винарии кои не го платиле долгот кон лозарите. Тој најави дека владата ќе ги помогне лозарите за да можат да продолжат со своите активности.

– Одговорна влада и одговорна држава нема што друго да направи освен да дејствува на начин на кој ќе ги обесштети луѓето ако станува збор за компании кои повеќе не можат да функционираат, односно ќе одат во ликвидација или стечај. Ние не обесштетуваме фирми, туку граѓани за да можат да ја продолжат својата дејност за егзистирање. Не постои друг начин освен државата да им помогне преку Програмата за субвенционирање на земјоделските производи зашто ако не го направи тоа лозарите од Тиквешкиот регион, кои останале оштетени од овие постапки, не ќе можат да ги продолжат своите активности, односно не ќе можат наново да засадат површини или да ги одржуваат веќе засадените. На тој начин ќе го нарушиме целиот процес на нивно производство, бидејќи повеќе години не успеале да ги земат своите средства – реќе потенцира Анѓушев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...