Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро го отфрли ултиматумот на повеќе европски земји за распишување претседателски избори.
Мадуро за шпанската телевизија Секста рече дека нема да покаже „кукавичлук пред притисок“ од оние кои бараат тој да си замине и го поддржуваат Хуан Гуаидо.
Ултиматумот на европските земји истече синоќа.
Шест европски земји – Германија, Шпанија, Франција, Холандија, Португалија и Велика Британија поставија ултиматум за распишување нови претседателски избори во Венецуела, инаку во спротивно ќе го признаат Гуаидо за привремен претседател на земјата, додека тој самиот не распише избори.
Мадуро, кој има поддршка од Русија, Кина, Северна Кореја, Турција и Куба, претходно изјави дека е подготвен на предвремени парламентарни избори, исклучувајќи можност за претседателски.