Голдман Сакс не е меѓу трите најголеми трговци со ресурси

Историски земено, Голдман Сакс и Морган Стенли доминираат во овој сегмент на американскиот пазар.

102

Банката Голдман Сакс за првпат падна под првите три места на најголемите трговци со ресурси. Според листата која ја изработува организацијата Коалишн Девелопмент, Голдман Сакс е на четврто место, зад Џеј Пи Морган Чејс, Морган Стенл и Ситигруп.

Причините за падот на гигантската банка се нејзините сериозни загуби во трговијата со природен гас и електрична енергија, кои доведоа до еден од најлошите годишни биланси во историјата на Голдман Сакс. Како резултат на неуспешната година, повеќе високи функционери го напуштија одделението за трговија со ресурси на Голдман Сакс. Историски земено, Голдман Сакс и Морган Стенли доминираат во овој сегмент на американскиот пазар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...