Околу 550 милиони луѓе во движење поради кинеска Нова година

56

Од наплатната рампа на автопатот во кинескиот град Гуан-џо милиони луѓе тргнаа на прослава на кинеската Нова година.

Според информации на кинеското Министерство за сообраќај, поради престојниот празник во движење ќе бидат околу 550 милиони луѓе.

Тие ги напуштаат мегаполисите и патуваат кон местата каде што живеат нивните семејства, со цел заедно да ја дочекаат лунарната Нова година.

Кинеската Нова година, која овој пат е Година на свињата, почнува на 5 февруари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...