Британската премиерка одлучна Брегзит да биде на 29 март

100

Британската премиерка Тереза Меј останува одлучна да го примени Брегзит во закажаниот рок, 29 март, наведувајќи дека ќе продолжи да бара од Брисел отстапки за договорот при разделувањето, и покрај категоричното одбивање на Европската унија повторно да преговара.

„Одлучна сум да се примени Брегзит во предвидената временска рамка, а тоа е 29 март 2019 година“, напиша премиерката денеска објавениот текст во „Сандеј телеграф“.

Тереза Мај на тој начин ја отфрли можноста за одложување на датумот, како што тоа го сугерираа некои политичари во изминатите неколку дена. Меѓу нив е и шефот на дипломатијата Џереми Хант, кој рече дека на тој начин ќе се добие време за усвојување на законите за примена на Брегзит.

Премиерката додаде дека повторно ќе го посети Брисел за да најде „прагматично решение” за излез на Велика Британија од Унијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...