Шапуриќ во Солун најави можност заеднички да се одржат саемски манифестации меѓу „Скопски саем“ и „Хелекспо“

285

Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ вчера во Солун се сретна со директорот на компанијата за организирање саемски манифестациии „Хелекспо“, Кирјакос Позрикидис и со претседателот на бордот на оваа компанија, Анастасиос Тзикас.

На средбите со директорот Кирјакос и претседателот Тзикас, Шапуриќ, како што соопштија од неговиот кабинет, разговарал за  новите перспективите за унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Грција, со посебен акцент на можностите за одржување на заеднички саемски манифестации меѓу „Скопски саем“ и „Хелекспо“, како и за унапредување на  соработка меѓу компаниите кои организираат саемски манифестации во регионот.

Во оваа насока било договорено да се организира регионален форум во првата половина од годинава. Менаџментот на „Хелекспо“ го запознал Шапуриќ со структурата и организационото работење на оваа компанија.

За време на посетата Шапуриќ ја посетил и саемската манифестација „Зоотехниa’’ на која учествувале 380 компании од 16 држави. На средбите присуствувала и извршната директорка на „Скопски саем“, Даниела Глигоровска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...