Во кујната на една таверна во грчкиот град Каламати, кој се наоѓа во југозападниот дел на Грција, експлодирала боца со плин. Во експлозијата загинале три жени, соопшти грчката противпожарна служба.
Две од загинатите жени биле вработени во ресторанот, како готавачи, додека третата жена која го загуби животот во несреќата била сопруга на сопственикот на ресторанот.
Сите три жени според информациите од грчката противпожарна служба биле извлечени живи, но без свест, од ресторанот, по што веднаш биле пренесени в болница, каде им подлегнале на повредите.
Експлозијата предизвикала и пожар, кој сега е локализиран од страна на пожарникарите. Надлежните посочија дека никој од гостите во таверната не е повреден.