Турскиот поморски инженер и нуркач Селчук Колаи открил на дното од Црното Море три германски подморници од времето на Втората светска војна, објави телевизијата TRT Haber која снимила документарен филм за потрагата по подморниците.
Една подморница била забележана во близина на градот Агва Меркез, додека другите две биле пронајдени во близина на Истанбул.
Турската телевизија потсетува дека германските подморници биле потопени во 1944 година во близина на турскиот брег.
Овие бродови биле наречени „изгубена флота”, бидејќи никој досега не можел да утврди каде се наоѓале остатоците.