Менаџментот на ЗК „Пелагонија“ тврди дека се исплатени обврските кон вработените

334

По повод денешните информации кои што ги објавија дел од македонските медиуми, а во врска со штрајкот на дел од вработените во ЗК „Пелагонија“, менаџментот на компанијата демантира дека не се исполнети обврските кон вработените.

„Во текот на денешниот ден, беа одблокирани сите сметки на најголемиот земјоделски комбинат во државата, ЗК „Пелагонија“, и кон сите наши вработени, беа исплатени сите финансиски обврски. Менаџментот на компанијата, ниту еднаш не ги игнорираше барањата на вработените во текот на изминатите неколку месеци. Напротив, вложуваше максимални напори, и покрај настаната ситуација во ЗК „Пелагонија“, обврските кон вработените да ги сервиса согласно можностите “ – велат од компанијата.

Од таму додаваат дека повеќе од два месеци, менаџментот на компанијата со сите сили се труди ЗК „Пелагонија“ да ја врати на вистинскиот пат, со сите свои вработени на број.  Комбинатот и покрај сите проблеми, продолжува со својата работа.

„Го користиме овој момент да упатиме апел до македонските медиуми, да не шпекулираат со бројки и информации заради чувствителноста на се што се случува а е поврзано со овој комбинат. Во вакви моменти, не смееме да заборавиме дека под капата на ЗК „Пелагонија“, илјадници вработени издржуваат семејства. Им стоиме на располагање на македонските медиуми за сите дополнителни прашања и информации“, порачуваат од комбинатот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...