Бен Афлек доби отказ како Бетмен

412
EPA/WILL OLIVER

Откако во три филма го играше Бетмен, Бен Афрек (46), доби отказ и повеќе нема да го глуми овој херој. Имено, новиот филм со Бетмен, кој ќе биде режиран од Мет Ривс, ќе пристигне во кината во 2021 година, а самиот Афлек потврди дека нема да биде во него.

– Таа улога бара фокус, страст и најдобро глумење, кое можеш да го дадеш. Стана јасно дека јас не можам да ги исполнам тие барања – рече Афлек.

Тој додаде дека причината за неговиот отказ била неговата зависност од алкохол, поради што лани три пати завршил на лекување. Иако нема да игра, актерот рече дека е среќен што филмот ќе биде снимен откако беше објавено дека ќе го гледаме во кината во 2021 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...