Актерката Натали Емануел, која ја игра Мисандеј во „Игра на тронови“, изјави дека на крајот од серијата ќе победи правдата.
– Последата осма сезона ќе биде неверојатна, најдобра до сега. На крајот ќе победи правдата – изјави Емануел.
Но, нејзината колешка од серијата, која ја игра Арја Старк, Мејси Вилијам неодамна имаше спротивна изјава. Таа наведе дека крајот на серијата ќе ги разочара фановите.
Емитувањето на последната осма сезона од „Игра на тронови“ е предвидено да почне во април.