Цакај до Дачиќ: Косово има тројца министри за надворешни работи, и вие сте од Призрен, нели?

496
ФОТО: EPA/ANDREJ CUKIC
ФОТО: EPA/ANDREJ CUKIC

Гент Цакај вчера го имше своето прво претставување како де факто министер за надворешни работи на Албанија на Самитот на шефовите на дипломатиите на ЕУ и балканските земји во Букурешт, каде што се судри со својот српски колега Ивица Дачиќ, објавија косовските медиуми.

Според извештаите од главниот град на Романија, Дачиќ се обидел да го стави во незавидна ситуација својот албански колега, протестирајќи „зошто Косово има двајца министри“ и забележувајќи дека, покрај косовскиот министер Беџет Пацоли, и Цакај доаѓа од Косово.

– Ова е тешка провокација која ни ја прави премиерот (на Албанија) Еди Рама – изјави Дачиќ.

На ова, како што јави дописникот на МИА од Приштина, веднаш реагирал Цакај, со тврдење дека наводите на шефот на српската дипломатија не се точни и дека на Самиотот учестувуваат тројца министри за надворешни работи од Косово, со оглед дека и самиот Дачиќ е родум од Призрен.

– Фактички, господине министре, вие требаше да се скандализирате многу порано, бидејќи Косово веќе имаше двајца, а една поговорка вели „нема двајца без тројца“. Вие сте од Призрен, нели, меѓутоа ја претставувате Србија, додека јас сум Албанец од Косово и ја претставувам Албанија – му одговорил Цакај на Дачиќ.

Албанскиот премиер Рама го именува Цакај за министер за надворешни работи, а откако претседателот на државата одби да го потпише указот, самиот ја презеде таа функција. Веднаш потоа го именува Цакај за свој заменик, препушајќи му ја, фактички, сета албанска дипломатија во негова надлежност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...