На небото над Куба експлодира метеор чии делови паднаа на тлото. Очевидци велат дека виделе огнена топка и чад на небото, а потоа и „дожд“ од црни камења како паѓаат на тлото во туристичкото место Виналес и други делови од провинцијата Пинар дел Рио.
Експлозијата се слушнала и во Хавана.
Следуваа бројни шпекулации на социјални мрежи, а државните медиумим веднаш демантираа дека се урнал авион и јавија дека се работи за природен, физички феномен.