Селами: До 9 февруари на располагање 12 милиони евра за земјоделците

761

До 9 февруари земјоделците од државата можат да аплицираат по активна мерката за модернизација на земјоделски стопанства од ИПАРД 2 програмата со која на располагање им стојат 12 милиони евра, истакна на денешната работилница за ИПАРД 2014-2020 во Крива Паланка заменик-директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Абдуљ Селам Селами.

Промотивни кампањи за ИПАРД 2 денеска се одржаа во Куманово и Крива Паланка, а на работилниците присуствуваа голем број престтавници на земјоделски стопанства и индивидуални земјоделци.

– Североисточниот регион е препознатлив по претежната дејност во областа на земјоделието и ја промовираме програмата за модернизација на земјоделството со цел овој сектор што е исклучително значаен во регионот и државата да станат поблиски до европското земјоделство. Има голем интерес по двете мерки, мерка 1 која заврши, за која за прв пат е надмината границата на очекуваниот буџет од 13.2 милиони евра од кои 75 отсто се европски пари, додека  25 отсто се пари до националнито буџет. Имаме голем интерес во сите региони, а и во овој регион има бројни апликации. Активната мерка 3 нуди модернизација на целокупното производство и механизација, а рокот за поднесување апликации од 45 дена истекува на 9-ти месецов – додаде Селами.

Апликациите се поднесуваат во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), каде сите заинтересирани граѓани можат да добијат помош и насоки при аплицирање.

– Нашето минато како Агенција покажува дека досега се поднесени многу успешни, квалиеттни апликации, а канцеларии имаме во секој град. Нашите советници се отворени за сите земјоделци, и за ИПАРД и за Националната програма, се со цел овие европски пари да ги искористиме и да го прилагодиме нашето земјоделство кон европското – рече директорот на АПРЗ, Елгафар Јусуфи.

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо МИцевски, во обраќањето истакна дека Кривопаланечкиот регион има потенцијали за развој на земјоделието, но исклучително важна е и инфраструктурата за пристап до земјоделските површини. Во таа насока, рече, многу важно е што со мерките кои ќе се отворат во наредниот период.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...