Могерини: Не сакаме Европа повторно да стане бојно поле

145

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска изјави дека за Унијата „е многу важно почитување на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ), кој Вашингтон и Москва го потпишале во 1987 година, бидејќи Брисел не сака Европа повторно да биде бојно поле“.

САД најавија дека утре ќе ги суспендираат обврските од тој договор доколку Русија продолжи да го крши ИНФ.

– За нас, како ЕУ, е многу важно исполнување на обврските преземени согласно договорот ИНФ и со тоа почитување на неговите рамки. Не сакаме Европа повторно да стане бојно поле, место каде што другите големи сили ќе се судрат. Тоа е историја, а договорот ИНФ помогна таквите ситуации да се надминат, а и самата ЕУ помогна во надминување на конфликтите од минатото, на кои не сакаме да се вратиме – истакна Могерини.

Таа тоа го изјави на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Букурешт, одговарајќи на прашањето кој став ќе го заземе ЕУ доколку САД објават излез од ИНФ. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...