Судот во Бразил нареди одмрзнување на истрагата за синот на претседателот

70

Судијата на Врховниот суд на Бразил денеска ја поништи одлуката за замрзнување на истрагата во врска со сомнителните плаќања готовина, во кои е вмешан синот на претседателот на таа земја Жаир Болсонаро и нареди да продолжи истрагата.

Судијата Марко Аурелио Мељо донесе одлука, со која заштитата од кривично гонење, која се однесува на виско избрани официјални лица, не треба да важи во случајот истрага на синот на претседателот Флавио  Болсонаро.

Судијата таквата одлука ја донел врз основа на фактот, што потенцијалните кривични дела се сторени пред Флавио Болсонаро да дојде на местото федерален пратеник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...