Премиерa на симфонијата „Лос Анџелес“ од Арво Перт со Македонската филхармонија

145

„Ангелите и градот“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи на 7 февруари во 20 часот. За првпат на македонската музичка сцена, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја изведе раскошната Симфонија бр. 4 „Лос Анџелес“ од еден од најдобрите современи композитори, Арво Перт.

Диригент на концертот е етаблираниот холандски/ јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен. Покрај делото на Перт, на концертот ќе бидат изведени и Полка од балетот „Златна доба“ од Дмитриј Шостакович, како и Концерт за мала флејта во C-dur од Антонио Вивалди и Концерт за обоа и оркестар во g-moll од Јохан Себастијан Бах, каде како солист ќе се претстави извонредната уметница на барокна флејта, Луси Хорш од Холандија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...