Спелтата е позната и по името крупник.
Иако е многу слична на пченицата, всушност е многу покорисна и полековита.
Оваа скапоцена житарка е многу постар вид од пченицата, а денеска се одгледува без примена на пестициди или некакви генетски модификации.
Во минатото од неа се правел леб и таа била сметана за основна животна намирница. Растела во Југозападна Азија, а потоа се проширила и низ целиот свет.
Била потисната од пченицата затоа што пченицата била поефтина и полесна за обработка.
Но, од неодамна спелтата добива на актуелност и тоа, најмногу поради глутенот односно поради оние кои имаат проблем со него. Имено, спелтиното брашно содржи глутен но во помали количини и станува збор за поинаков вид кој полесно се разградува во вода, па сѐ повеќе луѓе се вртат кон овој производ. Освен ова, спелтата има и други здравствени предности.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey