Температурите во поединечни делови на Америка денес се спуштија и до -40 степени Целзиусови. Под мраз е и големото езеро во Мичиген.
Властите во Висконсин , Илиноис и Мичиген идадоа предупредување поради екстремните температури , што зафаќа подрачје на кое живеат над 60 милиони луѓе. Во Чикаго вчера наутро беа измерени – 30 степени.
За да се заштитат од студениот ветар жителите носат скијачки маски на лицата. До утре сите државни канцеларии се затворени , како и училиштата , зашто за денеска се најавува температурата да изнесува меѓу -30 и -40 степени.