Најголемата просечна цена на хектар обработливо земјиште во ЕУ во 2016 година е постигната во Холандија, речиси 63 илјади евра, додека во Хрватска изнесува 2809 евра или 22,5 пати помалку, покажуваат последните податоци на Еуростат.
Како што наведува Евростат, Холандија бележи најголема просечна цена на обработлива површина во ЕУ на национално ниво. Таа во 2016 изнесуваше 62.72 евра по хектар што е за 1.572 евра повеќе отколку во 2015 и дури 12.171 евра повеќе од 2011.
Сепак, кога се гледа просечната куповна цена на обработлива површина по региони, најскапиот хектар бил во 2016 година во италијансиот регион Лигурија, во просек 108.000 евра по хектар.
Од другата страна на спектарот, најевтин хектар на обработлива земја бил во Романија, во просек цената во 2016 година се движела околу 1.958 евра. На ниво на региони најевтин хектар бил во југозападна Бугарија, во просек околу 1.165 евра.