Во северен Илиноис измерени рекордни минус 34 степени

88

Со минус 34 степени Целзиусови во местото Рокфорд, во американската сојузна држава Илиноис урнат е досегашниот рекорд на ниски температури во екот на поларното време, кое го зафати американскиот среден запад, објави денеска националната метеоролошка служба.

Во Рокфорд утрово беа измерени минус 34 степени Целзиусови, а претходниот рекорд беше минус 33, забележан на 10 јануари 1982 година.

Податоците за температурите во тој град се евидентираат од 1905 година. Рокфорд е околу 130 километри северозападно од Чикаго.

Метеоролозите за викендов најавуваат потопло време. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...