Светското фудбалско првенство што минатото лето се играше во Русија, на земјата покрај финансиските бенефиции и донесе и неколку илјади нови жители, објави „РИА новости“.
Во моментов најмногу од навивачите кои нелегално се останати во Русија се Нигеријци – 1.863 лица. Од Виетнам се 911, државјани на Бангладеш кои си го продолжиле престојот во Русија по Мундијалот 2018 се 456, Сенегалци 253. Забележани се и 30 Швајцарци без регулиран престој во државата.
На 31 декември 2018 бројот на илегални имигранти како последица од Мундијалот беше околу 12 илјади, но благодарение на работата на полицијата нивниот број е намален на 5,5 илјади.
Прес-службата на Министерството за внатрешни работи појасни дека работата за идентификација и протерување на странските навивачи од Русија продолжува.
Светското првенство 2018 се одржа од 14 јуни до 15 јули. Трофејот го освои Франција