Уругвај и Мексико се вклучуваат во решавање на кризата во Венецуела

90
ФОТО: EPA / Cristian Hernandez

Уругвај и Мексико најавија меѓународна конференција на 7 февруари во Монтевидео, на која ќе присуствуваат претставници од држави и меѓународни тела со „неутрален став“ кон Венецуела.

– Владите на Уругвај и на Мексико во согласност со својот неутрален став кон Венецуела организраат меѓународна конференција со претставници на земји и на меѓународни организации кои делат таков став, се наведува во соопштението издадено од уругвајската Влада.

Уругвај и Мексико не го признаваат опозиционерот Хуан Гуаидо, претседателот на Парламентот, кој се прогласи за привремен претседател на Венецуела

ФОТО: EPA / Cristian Hernandez

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...