Милиони Бразилци останаа без струја

98

Повеќе од милион луѓе во 13 бразилски држави останаа без струја, соопшти бразилската влада.

Прекинот на електрична енергија, кој ги погоди жителите на север, североисток и југоисток на Бразил, е предизвикан со пад на напон, соопшти националниот системски оператор, наведувајќи дека истражува како дошло до тоа.

Министерот за рударство и енергетика Фернандо Коељо Фиљо рече дека до прекин на снабдувањето со електрична енергија дошло поради пукнатини на брана во хидроелектраната Бело Монте во северната држава Пара.

Струјата на неколку часа ја снема и во делови од државите Сао Паоло и Минас Жераис.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...