Премиерот, Зоран Заев, на денешната собраниска седница за пратенички прашања соопшти за нова канадска инвестиција во Охрид, како и за комбинатот Еурокомпозит, за којшто, како што рече, има двајца, заинтересирани странски инвеститори, но и за 100-тина инвеститори кои се пред одлуки за инвестирање во Македонија, со што очекува намалување на невработеноста во државата.
– Доаѓа позитивен амбиент за Република Македонија, илјадници граѓани ќе најдат работа во Македонија и се надевам дека ќе имаме драстично намалување на невработеноста – рече Заев.