Заев: Ќе има реализација на капитални инвестиции

Тој изрази уверување дека после овие политички одлуки и позитивната атмосфера што постои за инвестирање и на странски и на домашни компании, подвлече, ќе даде резултат, поголема понуда на работни места за нашите граѓани, но ќе даде резултат и за покачување на платите на нашите граѓани.

171

Нашата надеж најмногу е во приватниот сектор заради тоа што оптимисти сме за севкупните инвестиции и граѓаните кои се сопственици на фабрики и погони во Македонија. Верувам дека ќе бидат дополнително охрабрени во овој период пред нас, а на тој начин навистина очекуваме и решавање на проблемот со невработеноста. Зборувам за цела Македонија, но конкретно и за Крива Паланка, заради тоа што дефинитивно таму има и природна мобилизирачка потреба за вниманието на самите инвеститори заради тоа што има и поголема понуда за избор на работници, за да можат да ги исполнат своите планови. А за граѓаните од Крива Паланка тоа да значи нивно вработување и нови работни места.

Ова е дел од одговорот од премиерот Зоран Заев на прашањето поставено од пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ Слаѓана Митевска во однос на најавените инвестиции во Крива Паланка, со што би се отвориле можности за нови работни места.

Крива Паланка заедно со Куманово, истакна, имаат поголем просечен процент на невработеност од другите региони во Македонија. Фокусот на Владата, подвлече премиерот Заев, е насочен специјално тука заради тоа што на тој начин прво се создаваат можности за полесно привлекување големи компании и странски и домашни заради тоа што и можноста за поголем избор на работници и за идните инвестиции е поголема.

– Верувам дека во периодот што доаѓа пред нас ќе има реализација на капитални инвестиции во делот на фабрики во приватниот сектор. Точно е дека се разговараше, верувам дека беа три компании наши, македонски од југоисточна Македонија, што сакаат проширување на својот бизис. Но реално имаа недостаток на работна сила од областа на текстилната индустрија, така што тие фабрики во разговорите кај нас преку стопанските комори потврдија дека ќе имаат интерес да вложат во Кривопаланечкиот регион заради тоа што и таму гледаат перспектива на проширување на своите погони. Не знам до каде се нивните конечни одлуки – појасни Заев.

Тој изрази уверување дека после овие политички одлуки и позитивната атмосфера што постои за инвестирање и на странски и на домашни компании, подвлече, ќе даде резултат, поголема понуда на работни места за нашите граѓани, но ќе даде резултат и за покачување на платите на нашите граѓани.

Потсети дека оваа година ќе има нов чекор кон покачување на минималната плата во РМ, директен импакт ќе има на трудоинтензивните дејности посебно на текстилната, кожарската и другата индустрија.

– Но секако остануваме целосно со буџет да ги покриеме ваквите разлики со конечна цел да и понудата на работни места што ќе ја даваат компаниите бидат со достоинствени плати, а секако да ја отвораат и спиралата на покачување на платите повисоки од минималната плата, рече Заев.

Претседателот на Владата посочи дека странските инвеститори чекаат на крупните политички одлуки, заради тоа што безбедноста и стабилноста им се важни.

Заев информира дека утре ќе го посети Охрид каде што е најавена нова голема канадска инвестиција што отвора многу работни места, во Охридско-струшкиот регион. Изрази уверување дека ќе има инвестиции и во Крива Паланка и наведе дека повеќе од стотина компании се пред одлуки во моментот.

– Верувам дека доаѓа навистина позитивен амбиент во РМ од аспект на срански и домашни инвестиции на решавање на едно од најгорливите прашања во Македонија, а тоа е проблемот со невработеноста. Заедно, ние како Парламент и сите и вие како опозиција во самите дискусии навистина ќе помогнете и на Владата во вистинско реалоцирање или алоцирање на странските инвестиции што доаѓаат за да можеме да отвораме колку што е можно повеќе работни места. Во 2018 година завршиме некаде со отворени 40 илјади работни места, еден дел се обновливи работни места поради пензионирање, но нови граѓани се вработени кои претходно биле невработени. Се работи и за приватниот сектор секако доминантно, еден дел се обновуваат местата и во јавната администрација. Јас верувам поради целокупниот амбиент во цела Македонија поради економскиот фокус на сите нас во државата поради најважната потреба на граѓаните ќе имаме намалување драстично на процентот на невработеност којшто во државата е некаде 20,8 проценти барем на крајот на годината за да паднеме со бројки коишто ќе бидат 15-16 проценти, а тоа се огромни илјадници граѓани коишто ќе најдат своја работа тука, овде во Македонија и ќе го планираат својот живот токму тука, овде во Македонија, одговараше на поставеното прашање премиерот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...