Едно лице загина, а шестмина се повредени при престрелка во градот Бастија на францускиот остров Корзика.
Непознат напаѓач попладнево отворил оган врз минувачи, а според обвинителството, меѓу настраданите има и еден полициски службеник.
Напаѓачот е маж на 70-годишна возраст, кој веднаш по инцидентот се затворил во својот дом. Полицијата започнала преговори со него.
Засега не се познати причините за инцидентот, но телевизијата БФМ објави дека старецот најверојатно има психички проблеми.
Полицијата ги отфрла наводите дека станува збор за терористички напад.
Пожарникари од Горна Корса веднаш пристигнале на местото на инцидентот.