Секој седми Канаѓанин е сиромашен

118

Според податоците на Државниот завод за статистика, секој седми Канаѓанин или речиси пет милиони луѓе, живеат во сиромаштија, а меѓу нив и 1,3 милиони деца.

И покрај фактот што Канада има добар систем на социјална заштита и за сиромашните издвојува милијарди долари годишно (сите кои не работат добиваат социјална помош, но таа последниве години се намали за една петтина), околу 235.000 Канаѓани живеат на улица или во привремени прифатилишта.

Во Викторија, мал град со околу 300.000 жители, ги има повеќе од 5.000, а во Ванкувер, кој е убав, модерен град, цела една улица во центарот е преплавена со бездомници.

Најновото истражување на Ројал банка, една од најсилните канадски банки, покажува дека на просечно семејство со двајца вработени во Ванкувер, за да ги покријат трошоците за купување куќа, му се потребни 88 отсто од приходите во домаќинството, а во Торонто 74 отсто.

Според истото истражување, просечна цена на изнајмена куќа изнесува 2.206 канадски долари, што е за 11 отсто повеќе отколку во првите три месеци во 2018 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...