Грејпфрут и оцет против масни наслаги и за чистење на црниот дроб

Резултатите од оваа студија укажуваат дека грејпфрутот оправдано ја носи титулата на чистач на црниот дроб благодарение на нарингенинот, носителот на горчливиот вкус за кои и претходните истражувања потврдиле дека има способност да го снижи холестеролот и да ги олесни симптомите на дијабетес.

1250

Во борбата против масното ткиво традиционално се користат грејпфрутот и оцетот. Нарингенин, антиоксидансот кој се наоѓа во грејпфрутот и во цитрусното овошје, го поттикнува црниот дроб на разградување на мастите и истовремено ја зголемува чувствителноста на инсулин, објавил тимот на научници од Ерусалим и од САД.

Во истражувањето објавено во 2010. година во списанието Plos One откриено е дека нарингенинот со поттикнувањето на црниот дроб на разградување на масните киселини всушност создава услови во организмот кои се слични на оние за време на пост. Имено, се чини дека тој антиоксиданс го имитира делувањето на лековите кои се користат за снижување на маснотиите и шеќерот во крвта нудејќи ги предностите од двата лека.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...