Учеството во извршувањето на задачите во домот создава најдобри работни навики, а токму тие им недостасуваат на децата кога ќе пораснат. Односно, недостатокот на работни навики станува видлив уште во училиште клупи.
Секако, домашните обврски би требало да бидат прилагодени кон возраста на детето, па така на пример, на четиригодишник сигурно дека нема да му дозволите да коси трева, но секогаш можете да го вклучите во составувањето на листата за купување, во чистењето или во средувањето на неговите играчки.
Како што ќе растат така и нивните задачи ќе стануваат сѐ посложени. Но така многу полесно ќе ги прифаќаат, отколку ако наеднаш, кога ќе наполнат 15 години, се сетите да ги вклучите и потоа очекувате да учествуваат без поговор. На таа возраст, ако дотогаш не создале работни навики, сосема сигурно ќе протестираат, а би можело да заврши и така што вие нема да сакате понатаму да се расправате, па повторно сѐ ќе завршите сами. За да избегнете вакво сценарио, вклучете ги децата кога ќе сфатите дека се способни за тоа.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey